552
Доколку немате многу време за вежбање, а сакате да го затегнете вашето тело или да изгубите вишок килограми што ги „заработивте“ за време на статичката 2020 година, пробајте ТАБАТА тренинг. Потребни се само четири минути и дава одлични резултати релативно брзо.
Тоа е тренинг со висок интензитет во интервал (HIIT), кој вклучува четириминутни вежби.
ТАБАТА тренингот е измислен од Олимпиец, Јапонецот Изуми Табата и тим истражувачи од Националниот институт за фитнес и спорт во Токио.