ХИТ ВИДЕО: Син на министерка прекина интервју за да ѝ покаже необичен морков

од Nikola Popovski

Интервјуто на министерката на Нов Зеланд, Кармел Сепулони, го прекина нејзиниот син кога влезе во нејзината соба за да и покаже чуден облик на морков, кој го пронашол меѓу зеленчукот во фрижидерот.

Во последните во серијата незгодни состаноци на Зум, форма на комуникација што стана масовна практика за време на пандемијата, синот на министерката, како и секој тинејџер, бил воодушевен од откривањето на необичниот морков, па решил да се пошегува и да ѝ го покаже на мајка си.

Она што тој не го знаеше е дека неговата мајка дава интервју за локална радио-станица.

Министерот, сепак, го прифати овој момент на вистински начин и го споделила видеото на Твитер.

„Mоментот кога ќе дадете интервју во живо преку Зум и вашиот син ќе влезе во собата викајќи и држејќи деформиран морков во форма на дел од човечкото тело. Да, ние речиси се боревме околу морковот пред камера и да, сега ми е смешно, иако во тој момент воопшто не ми беше“, напишала Сепулони.

Слични содржини