377
Огромната гужва во трговскиот центар „Ушче“ за вакцинирање поради ваучерите од 3.000 динари беше повод во Србија да осамне видео на кое по вакцинацијата на граѓаните им се исплаќаат банкноти со ликот на претседателот Александар Вучиќ.
На видеото се снимени неколку лица во униформа која наликува на лекарска. Една жена наводно ѝ дава вакцина на колешката, која потоа од колегата добива пари со ликот на претседателот на Србија и поради тоа му бакнува рака.