Британскиот актер Хју Грант (63) во понеделникот ненадејно се појавил на божиќен ручек во Лондон, каде им служел храна на постари жители на Хамерсмит и Фулам, пишува Дејли Мејл.
Тој се дружеше со учесниците на настанот и волонтерите и се фотографираше со нив за време на неговата посета.
„Благодарам на сите што ни се придружија на годишниот голем божиќен ручек на H&F, вклучувајќи го и многу специјалниот гостин, Хју Грант. Актерот ни помогна да им послужиме ручек на 500 локални постари луѓе кои инаку би го славеле Божиќ сами. Ова беше вистинска љубов“, изјави портпаролот на Советот на Хамерсмит и Фулам.
„Сите бевме воодушевени што го видовме“.
Ова не е првпат актерот да го покаже своето добро срце. На почетокот на декември, Грант донираше 20.000 фунти на „најљубезниот британски водоводџија“ Џејмс Андерсон, кој е познат по тоа што им помага на илјадници инвалиди и стари лица преку неговата добротворна организација „Дефер“.