Хју Грант: Мразам да снимам филмови, но имам многу деца и ми требаат пари

од Stefanija Kuzmanovska
765 прегледи

Познатиот актер Хју Грант глуми во новиот детски мјузикл „Чарли и фабриката за чоколади“, во режија на Пол Кинг.

Неговиот лик, саркастичниот Умпа-Лумпа, е интересен за многумина, а на неодамнешната премиера на овој филм, Грант им рече на новинарите дека ова снимање било „апсолутно ужасно искуство“.

„Не можев повеќе да ја мразам целата работа“, рекол тој, пренесе „Метро“.

Како што вели, најтешко му било тоа што морал да носи специјално одело и камера на главата, бидејќи глумел маж висок половина метар, а за да го постигнат тоа морале да снимаат со посебна техника.

„Тоа беше како круна од трње, многу непријатно. Направив голема врева околу тоа. Навистина го мразев тоа снимање. И искрено, се што правев со своето тело беше страшно и сето тоа беше заменето со анимација“, истакна актерот.

На прашањето дали трудот на крајот се исплател, тој рекол: „Навистина не“.

„Немам ништо против Вонка и Кинг конкретно, но веќе некако мразам да снимам филмови, но бидејќи имам многу деца, ми требаат пари и морам да работам“, рече Грант и изненади многумина.

Потсетуваме, Хју Грант го доби своето прво дете на 50 години, а во следните осум години имаше уште четири деца со две сопруги.

Слични содржини