„Хјундаи“ удри во две малолетнички во Скопје

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“

од Nikola Popovski
35 прегледи

Две девојчиња на возраст од 12 и 13 години се здобиле со тешки телесни повреди откако синоќа биле удрени од автомобил на улицата „Товарник“ во Скопје.

„На 04.10.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Товарник“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(76) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години, двете од Скопје.“

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.