Хјурикејн со нова песна, спотот го постветија на оние кои го заслужуваат најголемиот аплауз

392 прегледи

Групата Хјурикејн денеска ја претстави песната Roll the Dice. Станува збор за еден од двата сингла кои трите србинки ги снимиле при крајот на минатата година во Лос Анџелес.

Зад Roll the Dice се потпишува музичкиот продуцент Брајан Тод кој е номиниран за наградата Греми и кој работел за Мајли Сајрус и Кели Кларксон. Текстот на песната го напушал Адис Мемиќ, а синглот е снимен во студиото Вилиџ во Холивуд.

Во ситуација кога целиот свет се бори против вирусот, девојките одлучиле спотот да им го посветат на сите кои се на првата борбена линија – докторите, медицинскиот персонал, но и сите оние кои не усепаја да се изборат со цел никогаш да не бидат заборавени. Под паролата останете дома, девојките го претставуваат спотот за Roll the Dice.

 

Слични содржини