Хјустон го уништи Кливленд како гостин (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Хјустон нанесе тежок пораз на Кливленд како гостин со 120:88 во дуел од регуларната сезона од НБА лигата.

Крис Пол нанижа 22 поени и додаде 11 асистенции, а Рајан Андерсон заврши со 21 поени за четвртиот последователен успех на „Рокетс“.

Поразот е уште еден тежок за „Кавалирс“ против водечки тим од Божиќ наваму, откако тимот загуби со 28 поени од Минесота, со 34 од Торонто, со 24 од Оклахома Сити и сега со 32 од Хјустон.

Леброн Џејмс повторно не беше на висина на задачата и заврши со 11 поени, 9 скока и 9 асистенции за Кливленд.

Резултатите од НБА:

Лос Анџелес Клиперс – Чикаго Булс 113: 103
Детроит Пистонс – Мајами Хит 111: 107
Орландо Меџик – Вашингтон Визардс 98: 115
Кливленд Кавалирс – Хјустон Рокетс 88: 120
Денвер Нагетс – Голден Стејт 115: 108
Минесота Тимбервулвс – Њу Орлеанс Пеликанс 118: 107
Сан Антонио Спарс – Јута Џез 111: 120
Сакраменто Кингс – Далас Маверикс 99: 106.

Слични содржини