HMD Global си го врати брендот PureView од Microsoft

од Vlatko K
94 прегледи

Откако го врати името Nokia, HMD Global успеа да донесе уште еден клучен бренд – PureView. Во листа на Европското биро за интелектуална сопственост се рефлектира трансферот на брендот од Microsoft кон HMD, што се случило на 23 август.

Microsoft стана сопственик на брендот PureView во септември 2013 година, кога го купи одделот на Nokia за уреди и услуги. Самиот бренд дебитира година порано со револуционерната 41-мегапикселна камера на смартфонот Nokia 808 PureView. Последователни модели како Lumia 920, 1020, 1520 и 950, создадени под туторство на Microsoft, го доразвија брендот, поврзувајќи го со квалитетна мобилна фотографија и изобилство од поставувања.

Продолжувајќи го партнерството со Zeiss, HMD Global сигурно ќе успее да го воскресне брендот. Прашањето е – со што? Во ерата на смартфони со тројна камера ќе биде потребно нешто навистина посебно, за да може PureView камерите да се истакнат како порано. Изненадувањата допрва треба да дојдат!