Ходаи: Матурантите повторно ги пријавуваат испитите за државната матура

од Nikola Popovski
309 прегледи

Лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи денес извести дека матурантите повторно ги пријавуваат испитите за државната матура во согласност со новите измени од договорот.

„Засега без никакви проблеми се одвива процесот за матурантите, според кој, оние кои до крајот на декември пријавија дека ќе полагаат матура, сега одново се пријавуваат во училиштата за да ги променат предметите што ќе ги полагаат. Запишувањето на предметите започна на 22 февруари, а ќе заврши на 5 март, за да можат навреме да се внесат податоците во системот на Државниот испитен центар“, додава Ходаи во изјава за „Слободен печат“.

Слични содржини