Ходаи: Ние не бараме намалување на предметите затоа што не сакаме да учиме

од Nikola Popovski
382 прегледи

„Имаме поддршка од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и АА и Алтернатива. Се сретнавме и со пратениците на ДУИ, што во принцип тие ги поддржуваат нашите барања и ќе се трудат дали ќе можат да дадат придонес на владина седница за да се најде решение. Доколку не, тогаш ќе се трудат да помогнат да се направат измени во Законот за средно образоцание“, вели Бленди Ходаи од Сојузот на средношколци.

Тој вели дека е многу клучно да им се олесни на матурантите да полагаат оваа година.

„Ние не бараме намалување на предметите затоа што не сакаме да учиме или не сакаме да се подготвиме за испитите. Овие барања се засновани на други европски држави, како на пример Франција“, посочува Ходаи.

Слични содржини