Ходаи се вакцинираше: „Ме поканија и истрчав да ја примам вакцината“

од Берта Китинска
338 прегледи

Кога има проблем мора да се делува, а не да се стои на страна. Проблемот е очигледен: многу луѓе се немаат пријавено за вакцинација, што е единствен начин да се стави крај на пандемијата. Јас се пријавив уште пред 1-2 месеци на web порталот. Ме поканија и истрчав да ја примам вакцината, пишува на својот Фејсбук профил претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи.

-Ги повикувам сите средношколци, сите студенти, сите млади – говорете со вашите родители, роднини, баби, дедовци и соседи, објаснете им колку е важно да се вратите во школските клупи во септември, колку е важно животот да се врати во нормала. Тоа е единствено можно преку масовна вакцинација. Нека се пријават и вакцинираат. И себе ќе си го заштитат здравјето а нам ќе ни ги заштитат образованието и иднината, вели Ходаи.

Слични содржини