273
Претседателот на северозападната стопанска комора на РСМ, Неби Хоџа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека зголемувањето на минималната плата не е реално.
„Зголемувањето на минималната плата не е реално, дупло е зголемена за последните 4 години и ќе биде тежок удар за приватниот сектор. Ова покачување ќе им направи проблем на дел од компаниите, а нема да има зголемена продуктивност“, истакна Хоџа.
Според него, администрацијата е превработена додека пак прватниот сектор трпи за работна сила.
„Кога правиме разлика помеѓу јавниот и приватниот сектор, едно ќе прашам, кој седи дома и зема плата?“, запраша претседателот на северозападната стопанска комора на РСМ.