Генералниот секретар на БЕСА и министер за земјоделство, Аријанит Хоџа денеска пред медиумите изјави дека секоја поддршка за нивната партија за општините Тетово и Желино е добредојдена.
-Јасна е сликата, сега е црно-бела, дали граѓаните се задоволни од Арифи или сакаат промени. Сепак, во контакт со нас, граѓaните велат дека se уморни од 8-годишниот мандат. Атмосферата е добитничка, Тетово ќе добие нов градоначалник, вели Хоџа.
Тој е свесен дека партиите не можат да дадат условна поддршка, затоа што „никој не ги чува гласовите во торба“.
-Тоа не се бетонирани гласови и граѓаните сами одлучуваат, додава Хоџа.
Во однос на владеачкото мнозинство, тој вели дека дале јасен став дека имаат стабилно мнозинство.
-Знаеме колку ДУИ испорача за СДСМ, но знаеме и ние колку испорачавме, наведува генсекот на БЕСА.