Заменикот претседател на движењето БЕСА, Аријанит Хоџа во интервју за „Локално“ зборува за политичките актуелности во земјава, за можноста за создавање ново парламентарно мнозинство, за можните коалиции и за плановите на неговата партија за уривање на политичкиот ривал ДУИ од власта.
Хоџа во интервјуто вели дека „главна цел на секоја опозициска партија е рушење на власта, така да во таа насока е и нашето барање за предвремени парламентарни избори“.
Запрашан за можноста движењето БЕСА да поддржи евентуална интерпелациј на Артан Груби во Собранието, Хоџа со потврден одговор, но додава дека за било кој министер неговата партија би дала подршка при евентуална интерпелација.
– За било кој министер од владата при евентуална интерпелација нашите пратеници ќе ја поддржат, нагласува Хоџа во интервју за „Локално“.
Д.Ј.