ИНТЕРВЈУ со Хоџа: Движењето БЕСА секогаш било и ќе биде клучен фактор за европската иднина на С.Македонија

од Vladimir Zorba

И од опозиција, па после како дел од Влада и од сегашното опозиционо позиционирање, Движењето БЕСА секогаш било и ќе биде клучен фактор за европската иднина на државата, но кога зборуваме за проевропско ориентирање тоа значи дека сме против корупција и криминал, а колку сегашното мнозинство прави во борбата против корупцијата и криминалот не сум баш сигурен дека од декларативното до делувањето дека се баш и толку проевропски ориентирани. Неможе да се декларирате како проевропски ориентирани, а да имате менталитет на водење на институции како на пример Белорусија или некоја слична држава партнер на Русија, вели во интервју за „Локално“ Аријанит Хоџа, заменик претседател на Движењето БЕСА.

За превирањата во ДУИ истакнува дека тоа е внатрешна борба за превласт, ако може, според него, и да се нарече борба.

-Нема што да коментирме една фарса која ДУИ се обидува да ја вметне како главна тема во јавноста а од друга страна во ниту еден момент тие превирања таму не се во интерес на подобрување на јавниот интерес, или подобрување на економската состојба на граѓаните. Има една поговорка на албански јазик која во превод е вака: „Отиде Јонуз за да дојде Домуз!“, додава тој.

Според Хоџа, барањето за предвремени избори е суштински аргументирано, а тоа е дека „актуелното владејачко мнозинство не преставува изворен легитимитет од граѓаните туку е чисто математичка влада“.

-И во вакви услови враќањето на легитимитетот кај граѓаните отвара можност за формирање на ново мнозинство кое нема да биде преку „киднапирање“ на пратенички мандати или политички акробации кои се прават преку ноќ, смета тој.

Движењето БЕСА упорно бара предвремени парламентарни избори. Дали сте сигурни дека ќе излезете како победници од овие избори? Ќе ја победите ли ДУИ на Ахмети?

Барањето за предвремени избори е суштински аргументирано, а тоа е дека актуелното владејачко мнозинство не преставува изворен легитимитет од граѓаните, туку е чисто математичка влада. И во вакви услови враќањето на легитимитетот кај граѓаните отвара можност за формирање на ново мнозинство кое нема да биде преку „киднапирање“ на пратенички мандати или политички акробации кои се прават преку ноќ. Затоа и треба да има предвремени избори, а за тоа кој ќе победи одлучуваат граѓаните односно тие што гласаат.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски изјави дека работи на ново парламентарно мнозинство. Ако добиете понуда од него, дали ќе ја прифатите?

Главна цел на секоја опозициска партија е рушење на власта, така да, во таа насока е и нашето барање за предвремени парламентарни избори. Секој што ќе се води од овој принцип ќе ја има подршката на Движењето БЕСА.

Од друга страна, и премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски изјави дека вратите на Владата се отворени за сите проевропски партии. Дали би ја разгледале понудата за учество во Владата доколку добиете таква од премиерот?

Неможе да одговориме на хипотетички ситуации. Една работа е повеќе од јасно а тоа е дека Движењето БЕСА низ својата историја докажала дека е проевропски ориенирана и ние немаме никакви дилеми во тој правец. И од опозиција, па после како дел од Влада и од сегашното опозиционо позиционирање, Движењето БЕСА секогаш било и ќе биде клучен фактор за европската иднина на државата, но кога зборуваме за проевропско ориентирање тоа значи дека сме против корупција и криминал, а колку сегашното мнозинство прави во борбата против корупцијата и криминалот не сум баш сигурен дека од декларативното до делувањето дека се баш и толку проевропски ориентирани. Неможе да се декларирате како проевропски ориентирани, а да имате менталитет на водење на институции како на пример Белорусија или некоја слична држава партнер на Русија.

Вашиот политички противник Демократската унија за интеграција (ДУИ) е потресен од незадоволства помеѓу ривални групи. Како ги коментирате последните случувања во ДУИ? Кој е во право?

Тоа е внатрешна борба зе превласт, ако може и да се нарече борба. Нема што да коментирме една фарса која ДУИ се обидува да ја вметне како главна тема во јавноста а од друга страна во ниту еден момент тие превирања таму не се во интерес на подобрување на јавниот интерес, или подобрување на економската состојба на граѓаните. Има една поговорка на албански јазик која во превод е вака: „Отиде Јонуз за да дојде Домуз!“ И ова поговорка подобро објаснува за тоа што точно се случува во ДУИ.

Како ја оценувате работата на министрите од ДУИ во Владата?

Штом самата нивна партија не е задоволна од работата на своите министри може да претпоставите како јас ја оценувам работата на министрите на ДУИ, па и на другите министри во владата. Мислам дека што побрзо распуштање на собранието и менување на власта толку подобро за државата и граѓаните.

Локално: Ќе поддржите ли евентуална интерпелација против Артан Груби во Собранието?

За било кој министер од владата при евентуална интерпелација нашите пратеници ќе ја подржат.

ДУИ доби уште еден пратеник во Собранието. Дали знаевте дека пратеникот Кастриот Реџепи е близок со „огнената група“ на ДУИ?

Ирелевантен политички фактор што и не треба да се коментира во сериозна смисла.

Каков е ставот на Движењето БЕСА во однос на интеграцискиот процес на земјава и спорот со Бугарија? Ќе гласате ли за уставни измени доколку таква точка се најде на дневнен ред во Собранието?

Нашиот став е константен и непроменет, а тоа е дека ќе подржиме се што ќе го забрза евроинтеграцискиот процес на државата. Ние сме заинтересирани повеќе од било кого што побрзо да се дојде до уставни измени каде што ќе треба да го корегираме и потценувачкото декларирање на албанскиот јазик преку дефеницијата „20%„.

МНР Османи говори за „рамковен договор во однос на ЕУ интеграциите“. Таравари од АА вели дека првиот Рамковен договор (охридскиот) „колку што донесе добро, толку и беше злоупотребен“. Ни треба ли наднационален консензус за ова прашање?

Мислам дека околу евроинтеграцискиот процес постои огромен консензус бидејќи никој во државата не е против интеграција на земјата во Европската Унија. Тоа што ни фали како национален консензус е борбата против корупција и криминал, каде што од страна на владата не гледаме освен декларативен дел да се преземе нешто конкретно во таа насока. А во суштина борбата против корупција и криминал, реформи во судство и правосудтсво се најголеми проблеми што бараат решение без кое неможе да станеме никогаш членка на Европската Унија.

Д.Ј.

Слични содржини