Продолжуваат внатрепартиските консултации во БЕСА до утврдување на конечното решение за наредните чекори на партијата, рече генералниот секретар на партијата, Аријанит Хоџа на прес конференцијата која штотуку заврши.
-Проблемот е принципиелен, без оглед што ќе решат институциите, станува збор за непочитување на коалициски партнер, односно непочитување на Беса како партнер во Владата, рече Хоџа, најавувајќи дека секако ќе поднесат тужба до Управниот суд поради одлуката на ДИК за прегласување во Желино.
-Во Влада ваква каква што е, јас нема да бидам во таков состав. Можеби е емотивно, но јас имам принципи и јас како министер нема да седам на иста маса. Истрпевме многу работи во Владата од ДУИ, заради големата слика, но сега чашата е прелиена, рече Хоџа.