Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа во својот Фејбук статус го објасни својот став за Парадата на Гордоста која се одржа вчера во Скопје.
„Начинот на живот е многу индивидуален и секој има право да живее како што сака. Тоа е демократија. Но, семејните вредности се над сѐ. Тие се основа за градење на здрава иднина. Како родител јас не можам да најдам аргументи да им објаснам на моите три деца каква гордост се промовира на парадата што се најавува. Ја почитувам слободата, како што ги почитувам и различните мислења за одредени теми, но за мене како јавна личност и како политички претставник на Движењето БЕСА во Владата сметам дека институцијата семејство и моралните и традиционалните вредности за она што претставува семејство се нешто свето“, напиша Хоџа на својот профил на Фејсбук.