728
Покажавме дека мнозинството е стабилно и дека треба да продолжи. Сметаме дека процесите што би воделе до избори би биле проблематични и тешки за економската и друга состојба во државата, кажа Аријанит Хоџа од партијата БЕСА, по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата.
-Коалицијата има мандат од пред една година и легитимитетот од последните парламентарни избори е доволен да се продолжи и да се оствари тоа што сме го презеле како одговорност. Се наоѓаме во многу деликатен момент и потребно е да продолжи мнозинството.Целта на оваа беше да се забрза влезот во ЕУ, рече Хоџа, кој додаде дека БЕСА не се согласува со оставката на Заев.