Хоџа: Пописот ни е битен за да видиме на колку луѓе земјоделството им е основна дејност

од Nikola Popovski
372 прегледи

„Ние имаме фармер-регистар кој е битен за податоците што се земаат за плаќање на субвенции. По сознанијата што ги имам, последната бројка се движи над 80.000 регистрирани земјоделци“, изјави министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа за емисијата „24 анализа“.

Тој напомена дека пописот е битен бидејќи на нив како Министерство им треба информации на колку луѓе земјоделската дејност им е основна, а на кои им е секундарна.

„Битни се овие податоци и бројки за да можеме да креираме понатамошни политики. Над 6000 земјоделци се пријавени во Фондот за пензиско осигурување, што сега во споредба со нашиот регистар, е огромна ралзика“,вели Хоџа.

Слични содржини