Гледам дека почнаа да споделуваат фотографија од мене со Муса Џафери (ДУИ), оваа средба одржана во јавноста без да се кријам од никого и без да имам никаков товар во моето политичко делување. Јас како активна политичка личност имам стотици средби со луѓе кои сакаат да разговараат за политички настани. Се поставува прашањето: кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали ова се надоврзува со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на еден министер во оставка на актуелната Влада, пишува на својот профил Аријанит Хоџа од БЕСА.
„Ако некој е исплашен од фотелјата на власт и го кочи растот на Движењето БЕСА, тоа е проблем на тие што ја имаат оваа грижа, а не наш.
П.С. На фотографијата се луѓето кои ја направиле фотографијата. Посакувам МВР да преземе соодветни мерки за тоа кои се луѓето кои ме придружуваат во секој потег и кои се причините за придружба на пензиониран министер!“, додаде тој