Хоџа за Кастриот Реџепи: Oчекуваме да се врати и да ги објасни своите постапки

од Берта Китинска
470 прегледи

Арјанит Хоџа, денеска на прес конференција поднесе оставка од својата министерска  функција во Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој во изјава за медиумите во врска со тоа дали знае каде е пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, истакна дека партијата не знае и дека тие очекуваат тој да се произнесе за својата постапка како што тој самиот најави преку Фесјбук  в понеделник.

„Тоа што е напишано како Фејсбук статус од него, тоа е последната негова појава. Ние очекуваме да се врати, како што најави во понеделник, да ги објасни своите постапки кои очигледно се различни од тоа што сме се договориле и различни од тоа што ставил потпис на иницијативата“, порача Хоџа.

Слични содржини