Хоџа за коалицијата АА: Може да формираме фронт кој ќе направи политичка ротација

од Берта Китинска
255 прегледи

Коментирајќи ги последните политички случувања по изборите во Тетово, потпретседателот на Движење Беса, Арјанит Хоџа во емисијата „Клик 21“. рече дека како партија имаат потреба од моќна Алијанса Албанци со цел заедно да ја направат промената.

„Наш интерес како Движење Беса е Алијанса за Албанците да биде моќен политички субјект. Она што го кажавме претходно, сега го кажувам јавно, заедно да формираме фронт кој на крајот ќе ја направи политичката ротација во Северна Македонија, посочи Арјанит Хоџа.

Движењето Беса пред изборите во Тетово ѝ понуди коалиција на Алијанса за Албанците, со цел истата да продолжи и на претстојните парламентарни избори.

„Точно е дека понудивме коалиција. Кажавме дека ќе биде доста позитивен сигнал доколку оваа коалиција биде присутна и на парламентарните избори, бидејќи тоа ќе биде духот што ќе влее надеж за промени и ќе го извлече од апатија опозицискиот гласач кој навистина сака промена. Но, поради некои погрешни политики, главно во АА, успеа да остане „смирен“ и не излезе на гласање“, посочи Арјанит Хоџа.

Слични содржини