Хоџа за новото мнозинство: По локалните избори ќе видиме како ќе се движи политичката сцена

од Берта Китинска
649 прегледи

Ние остануваме на нашата определба заедно со АА да го победиме ДУИ во општините кадешто учествуваме во вториот круг, вели генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа објаснувајќи дека соработката со Алијанса за Албанците на локалните избори е ограничена само на нив и не значи соработка и во Собранието.

-Ние остануваме на нашата определба заедно со АА да го победиме ДУИ во општините кадешто учествуваме во вториот круг.Ова се локлани избори.Легитимитетот за нова влада доаѓа од парламентарни избори. Тоа останува на времето да видиме после изборите како ќе се одвиваат настаните и како ќе се движи политичката сцена после тоа. Сега зборуваме таксативно за локални избори и мислам дека тоа треба да е тема,  вели Хоџа.

Тој вели дека во ваквите соработки нема ништо чудно и дека на ист начин соработувале со Алијанса и кога партијата на Села била на власт, а тие во опозиција.

Слични содржини