577
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, од редовите на БЕСА вечерва се огласи откако ДИК одлучи да има прегласување на едно избирачко место во Желино.
– Желино, во кое се роди една партија (како движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада, објави тој на Фејсбук.
Државната изборна комисија ги прифати приговорите на ДУИ и со 6 гласа „ЗА“ одлучи да има прегласување во избирачкото место 2107 во Желино.
Од контролата во изборниот материјал е констатирано дека има неусогласеност во податоците во записникот, додека исто така е констатирано дека едно лице гласало со неважечка лична карта.
Во оваа општина разликата е 69 гласа во полза на кандидатот на БЕСА, Блјерим Сејди.