Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд испрати во историја рекорд на Кристијано Роналдо. Данецот стана најмладиот играч на „црвените ѓаволи“ со најмалку еден гол и една асистенција во два последователни натпревари во Премиер лигата. Во драматичната победа од 4-3 над Вулверхемптон, Хојлунд го намести голот на Маркус Рашфорд, а потоа самиот погоди пред паузата.
Поранешниот напаѓач на Аталанта има 20 години, а Роналдо за првпат на 21-годишна возраст постигна гол и асистираше во два последователни натпревари во англиската лига.
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, пак се изедначи по бројот на асистенции во Премиер лигата со Кристијано Роналдо. Португалецот асистираше за еден од головите на „црвените ѓаволи“ против Волвс и сега има 37 асистенции, исто колку и неговиот репрезентативен колега Роналдо.
Со најмногу асистенции кај Португалците кои настапуваа во Премиер лигата е Луис Нани – 43.
Јунајтед за прв пат сезонава не запиша пораз на 4 последователни натпревари. Сепак, тимот од „Олд Трафорд“ од почетокот на кампањата во Премиер лигата прими дури 52 гола. Само Шефилд Јунајтед има примено повеќе голови – 59.