Хојт Ји од утре во дводневна посета на Македонија

од Vladimir Zorba

Заменикот  државен секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, утре доаѓа во дводневна посета на Македонија.

Како што соопштуваат од американската амбасада, тој ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на собранието Талат Џафери, со лидерите на политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами, Весел Мемеди, и Мендух Тачи, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатската заедница.
На средбите ќе се разговара за статусот на формирање на вВлада, билатералните односи и реформите потребни за евро-атлантска интеграција. Високиот американски претставник изјава ќе има в понеделник попладне.

Слични содржини