Хојт Ји реферираше во САД: Владата да се справи со прислушуваните материјали на европски начин

од desk3
93 прегледи

По посетата на Македонија, американскиот заменик помошник
државен секретар Хојт Ји говореше на седница на Комисијата за надворешни работи на американскиот Претставнички дом во средата вечер.

images

“Ги поддржуваме аспирациите на Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија. Во последно време ние и нашите европски партнери со загриженост ја следиме политичката криза во Македонија поврзана со објавувањето на прислушувани материјали од страна на лидерот на опозициската партија. Ја повикуваме Владата да се справи со прислушуваните материјали на начин кој ја покажува посветеноста на евро-атланските принципи. Ја охрабруваме опозицијата, која во моментов го бојкотира Собранието, да се врати во тоа тело и да помогне да се разреши кризата. Загрижени сме и за растечките разлики меѓу етничкото македонско мнозинство и етничката албанска заедница. Интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија останува важна за да се постигне траен мир и стабилност во регионот. Со новата Владата во Атина, ги потикнуваме двете страни да постигнат заемно прифатливо решение на таканаречениот спор за името кој го блокираше напредокот на земјата во евроатланските интеграции, изјави заменикот помошник државен секретар.

Ји се осврна и на целиот балкански регион, велејќи дека американски приоритет останува да се работи на интегрирањето на регионот во НАТО и во Европската Унија, оценувајќи дека сепак оваа американска визија е под закана како никогаш до сега по крајот на Студената војна, поради кризата во Украина. Ји додаде дека е точно дека процесот на проширување и интегрирање во Европската Унија е забавен, поради инсистирање на Унијата на воведување повисоки, построги стандарди за идните земји членки.