Хојт Ји се сретна со јавниот обвинител Зврлевски, прашал какви се односите со СЈО

од desk3
121 прегледи

Заменикот помошник државен секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји, денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.

133060270

На средбата, станало збор за справувањето со тероризмот и за санкционирањето на учеството во странски војски, како и за подготвеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија за справување со кривичните дела против изборите.

Освен ова, биле разменети мислења и за соработката помеѓу институциите, вклучувајќи ги и односите меѓу Јавното обвинителство на Република Македонија и Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите​.
Брајан Ли на средбата беше придружуван од амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.

 

META