Хојте се врати од викенд, продолжуваат средбите на работните групи

од desk3
81 прегледи

Денеска, во 13 часот, во Клубот на пратеници продолжуваат средбите на работните групи за изборното законодавство. Како што информираат претставници на политичките партии, кои се учесници во работните групи, деновиве не се очекува да се постигне договор. Крајниот рок за постигнување договор за изборното законодавство е 6 октомври, а договор се очекува да се постигне исто како и за специјалниот обвинител, пред истекот на рокот.

11780514_10204916854617470_402472029_n

Најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ, според кој тие ќе се бираат по формулата „три плус три плус три“, односно тројца членови ќе бидат на предлог на власта, тројца од опозицијата и на нив ќе им се приклучат тројца експерти кои ќе бидат избрани со двотретинско мнозинство во Собранието.

 

МЕТА