Хок и денес нема да одлучува за Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок и денеска нема да донесе одлука дали ќе му ја укине визата на Новак Ѓоковиќ, јавува новинарот на порталот „The Age“, Пол Сакал.

Сакал пишува дека Хок се уште размислува за оваа одлука.

Во меѓувреме е извршена и ждрепката за Австралија опен, а Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против сонародникот Миомир Кецмановиќ.

Премиерот на Австралија, Скот Морисон утрово имаше прес-конференција, но за случајот на Ѓоковиќ не се зборуваше.

Ѓоковиќ минатиот вторник замина за Австралија, во средата пристигна на аеродромот, а потоа настанаа проблеми. Му беше укината визата и одредено време беше во притвор.

Адвокатите на Ѓоковиќ поднесоа жалба на укинувањето на визата, а на судењето во понеделникот судијата Ентони Кели му го укина притворот на Новак и изјави дека има голема нелогичност во одлуката на граничната полиција.

Министерот за имиграција, Хок може да му ја одземе визата според членот 133в од Законот за миграција, без оглед на судската одлука во понеделникот, со која му се врати визата на Србинот.

Слични содржини