Холандија без Ван Дајк на Европското првенство

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Франк де Бур го објави списокот со 26 фудбалери за Европското првенство, а „лалето“ ќе игра без еден од најдобрите играчи.

Европското првенство, кое започнува на 11 јуни, Холандија ќе го отвори два дена подоцна против Украина, а потоа следат натпревари против Австрија и Северна Македонија.

Иако ослабена од неиграњето на Вирџил ван Дајк, кого Де Бур не го вклучи меѓу кандидатите за тимот поради повреда, впечаток е дека Холандија оди на шампионатот на „стариот континент“ подготвена да оди што подалеку .

Списокот ги вклучува:

Голмани: Каспер Силесен (Валенсија), Тим Крул (Норич), Мартин Стекеленбург (Ајакс).

Одбрана: Нејтан Аке (Манчестер Сити), Дејли Блинд (Ајакс), Матјис де Лихт (Јувентус), Стефан де Фрај (Интер), Дензел Дамфрис (ПСВ), Жyри Тимбер (Ајакс), Патрик ван Анхолт (Кристал Палас), Џоел Фелтман (Брајтон), Овен Вијндал (АЗ Алкмар).

Среден ред: Френки де Јонг (Барселона), Мартин де Рон (Аталанта), Рајан Гравенберг (Ајакс), Дејви Класен (Ајакс), Теун Купмајнерс (АЗ Алкмар), Дони ван де Бик (Манчестер Јунајтед), Џорџино Вајнлдум (Ливерпул).

Напад: Стивен Бергуис (Феенорд), Лук де Јонг (Севилја), Мемфис Депај (Лион), Коди Гакпо (ПСВ), Дониел Мален (ПСВ), Квинси Промес (Спартак Москва), Ваут Вегорст (Волфсбург).

Слични содржини