Фудбалскиот сојуз на Холандија го контактирал италијанскиот тренер Масимилијано Алегри во врска со работата на селекторот на репрезентацијата.
Фудбалскиот сојуз на Холандија бара селектор, откако Роналд Куман ја презеде Барселона.
Холандија во понеделник ќе игра против Италија во Амстердам во Лигата на нациите, а тимот ќе го води привремениот селектор Двајт Лодевеж.
„Скај Италија“ денес објави дека холандската федерација прво стапила во контакт со Алегри и дека во игра е и Холанѓанецот Хенк тен Кате.
Алегри во моментов е без работа, откако паузираше една година откако го напушти Јувентус на крајот на сезоната 2018/2019.
Со „црно-белите“ освои пет последователни шампионски титули во Серија „А“ и во два наврати играше во финалето на Лигата на шампионите.