Холандија и Белгија протеруваат руски дипломати

од Nikola Popovski
271 прегледи

Холандија и Белгија одлучија да протераат повеќе руски дипломати, наведувајќи ги заканите за националната безбедност.

Холандската влада објави дека протерува 17 руски разузнавачи, кои биле акредитирани како дипломати, оценувајќи го нивното присуство како „закана за националната безбедност“.

Холандското Министерство за надворешни работи изјави дека „разузнавачката закана за Холандија се уште е висока“ и дека „актуелната позиција на Русија во најширока смисла го прави присуството на тие доушници непожелно“.

Белгија одлучи да протера 21 руски дипломат поради активности поврзани со шпионажа или илегална трговија со влијание.

Дипломатите добија рок од две недели да ја напуштат Белгија, соопштија денеска за Асошиејтед прес во белгиското Министерство за надворешни работи.

Неколку земји, меѓу кои Македонија, САД, Полска, Бугарија, Словачка и Црна Гора, во последните денови одлучија да протераат руски дипломати.

Слични содржини