Холандија: Полицискиот час останува во сила

од Берта Китинска
264 прегледи

Полицискиот час во Холандија ќе остане во сила, одлучи вечерва второстепениот суд, откако владата ја обжали пресудата на понискиот суд дека мерката е незаконска бидејќи спречува загарантирана слобода на движење.

Одлуката на Високиот суд прецизира дека одлуката на првостепениот суд е суспендирана, не е укината и дека владата не мора да ја укинува забраната за движење во периодот од 21:00 до 4:30 часот до петок, , објави Би-Би-Си.

По воведувањето полициски час, за прв пат по Втората светска војна, беа организирани протести низ цела Холандија. Вечерва во Хаг беше забележливо присуството на голем број полицајци во близина на парламентот, но немаше собирање граѓани.

Премиерот Марк Руте по одлуката на првостепениот суд рече дека тоа многу ќе помогне во борбата против пандемијата и ги повика граѓаните да продолжат да се придржуваат до сите мерки.

Денес, владата на Холандија започна брзо да работи на новиот закон, кој прецизно ќе го регулира воведувањето полициски час, но тоа нема да биде можно брзо.

Слични содржини