Холандија привремено ја прекина вакцинацијата со АстраЗенека

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Холандија во саботата објави дека привремено ја прекинала употребата на вакцината АстраЗенека против Ковид-19 до 7 април.

Министерството за здравство во петокот соопшти дека привремено ги прекинува вакцинациите за лица помлади од 60 години, но по консултациите во саботата, здравствените служби одлучија да ги суспендираат сите вакцинации со „АстраЗенека“ за да избегнат фрлање вакцини.

Околу 700 лица постари од 60 години требаше да примат вакцина „АстраЗенека“ во следните денови, но нивната вакцинација, исто така, беше привремено откажана бидејќи немаше гаранции дека целата серија може да се искористи целосно доколку се вакцинираат само неколку лица.

По вакцинацијата, имаше пет случаи на згрутчување на крвта, кај жени на возраст од 25 до 65 години. Едно лице почина.

Во тек се истраги за да се утврди дали случаите биле предизвикани од вакцинација, соопштија властите.

Досега околу 400.000 луѓе во Холандија се вакцинирани со вакцината „АстраЗенека“.

Слични содржини