Холандија со тежок анти-рекорд

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Селекцијата на Холандија загуби со 1:2 од селекцијата на Англија во полуфиналниот натпревар на Евро 2024 година.

На овој начин „лалињата“ забележаа црн антирекорд и станаа тимот со најмногу порази во оваа фаза од европските фудбалски завршници.

Холанѓаните сега загубија пет од шест европски првенства во полуфиналната фаза.

Покрај Евро 2024, репрезентацијата на Холандија загуби во натпреварите и на првенствата во 1976 година против Чехословачка (1:3), 1992 година од Данска (2:2 во регуларното време и 4:5 по пенали), 2000 година против Италија (0:0 во регуларното време и 1:3 по пенали), 2004 година против Португалија (1:2).

Слични содржини