Холандизација на Јунајтед: Дадоа 100 милиони евра за „отпадок“ на Баерн и најголемата сензација во Серија „А“

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Штом менаџерот Ерик Тен Хаг, на изненадување на многумина, го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, веднаш почна со трансфери. И ни помалку ни повеќе, тој успеа да го договори доаѓањето на тројца сонародници од Холандија. Покрај Руд ван Нистелрој, кој ќе му биде помошник, пред вртатите на „Олд Трафорд“ се и Матијс Де Лихт и Џошуа Зиркзе.

Де Лихт пристигнува во Манчестер за 60 милиони од Баерн, каде најблаго речено не се снајде и практично беше исфрлен од клубот, а Тен Хаг му подаде рака за да можат повторно успешно да соработуваат како во Ајакс.

Тоа беа времиња кога играа полуфинале во Лигата на шампионите, но оттогаш многу работи се променија. Тен Хаг има само два трофеи во Јунајтед (Лига и ФА Куп), а холандскиот стопер не покажа ниту мал дел од она што сите мислеа дека ќе покаже.

Затоа си заминува од Баерн, каде своевремено не веруваа ни сериозно во Зиркзе.

Напаѓачот на Болоња оваа сезона експлодираше и го привлече вниманието на Барселона, Интер, Милан и Јувентус, но го очекува дождливо патување во Англија. Повторно, на инсистирање на Тен Хаг, со кој, како и Де Лихт, имал разговор.

Јунајтед за неговиот трансфер ќе плати 40 милиони евра колку што изнесува клаузулата во договорот, а веќе ги има разработено сите детали со играчот и клубот.

Останува полесниот дел од работата – само да се официјализираат двата трансфери во наредните денови, веројатно по Европското првенство каде Холандија се пласираше во полуфиналето.

Де Лихт и Зиркзе практично немаа никаков придонес за тоа бидејќи беа заковани за клупата. Повторно, Јунајтед верува дека тоа ќе им донесе исчекор.

Слични содржини