Холандска компанија ќе стекне директна контрола над клиниката „Жан Митрев“

од Nikola Popovski
486 прегледи

Холандската компанија „Балкан алајанс хелткер Б.В.“ купува мнозински удел од клиниката „Жан Митрев“. Oва може да се види според податоците на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

-Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.145/10, 136/11, 41/14, 53/16 и 83/18), на ден 09.06.2023 година, а дополнето на ден 13.06.2023 година до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација кое се однесува на стекнување на директна контрола од страна на Балкан Алајанс Хелткер Б.В. со регистрирано седиште на ул. Стравинскилан бр. 1421, 1077ХХ Амстердам, Холандија над Приватна здравствена установа-Клинилка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје со регистрирано седиште на ул. Бледски Договор бр. 8, 1000 Скопје, Република Северна Македонија преку купопродажба на удели, пишува во известувањето на КЗК.

Балкан Алајанс Хелткер Б.В. друштво основано согласно регулативата на Холандија, со седиште во ул. Стравинскилан бр. 1421, 1077ХХ Амстердам, Холандија, во рамките на својата инвестициона политика има намера да стапи во стратешко партнерство со Приватната здравствена установа – Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје со седиште на ул. Бледски Договор бр. 8, 1000 Скопје преку стекнување на контрола со купување на мнозински удел, согласно одредбите од Законот за установите и Законот за здравствената заштита.

-Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни можат да се испратат на адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје или по e-mail: [email protected] и истите треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување, стои во известувањето.

Слични содржини