339
На Евровизија во публика ќе може да има 3.500 луѓе, според одлуката на холандската влада.
Натпреварот ќе се одржи во мај годинава во Ротердам, минатата година беше одложен поради пандемијата на коронавирусот, пишува Би-Би-Си.
Според планот, ќе се пополни само половина од капацитетот за публиката, а на секој што сака да влезе во салата ќе му треба негативен тест за вирусот.
Организаторите ја поздравија одлуката на владата и рекоа дека „ќе ги разгледаат можните опции“.
Повеќе детали ќе бидат објавени во наредните недели.
Тие додадоа дека здравјето и безбедноста на присутните останува „најголем приоритет“.