Прес конференцијата на заедничката група за истрага.

Истрагата за падот на Боинг над Украина изгледа непрофесионално и не предизвикува доверба, изјави за ТАСС холандскиот новинар истражуваќ Јот Немјулер, кој напишал книга за трагедијата. Според него проблематично е фактот дека инспекторите не разговарале за прашањето за радарски податоци. “Како може да се зборува дека ова прашање е затворено, откако имаме толку многу прашања во врска со информациите на радарите.
Се формира впечаток дека тие не се заинтересирани за нови информации дека тие веќе ги знаат одговорите и не се стремат да добијат нови податоци “, појасни новинарот. Експертот обрна внимание дека едно од главните докази се записите од разговорите меѓу сепаратистите. “Моето главно прашање е кој е изворот на овие информации. И одговорот кој го добивме е дека сите овие записи се обезбедени од Службата за безбедност на Украина “, изјави Немјулер. На овој момент обрнаа внимание и многу од новинарите на прес-конференцијата во Холандија, на која беа објавени првите резултати од истрагата на несреќата. Многу прашања предизвика особено одличниот квалитет на записите од разговорите на сепаратисите. “Мислам дека ова е главната грешка – да биде вклучена украинската страна во истрагата, изјави Јост Немјулер. Ако се гледа објективно Украина би можела да биде една од земјите кои се предмет на истрага, но наместо тоа, тие учествуваат во самата истрага. Тоа воопшто не влева доверба. Тоа е повеќе пропаганда отколку истрага “, сумираше холандскиот стручњак. Претходно заедничката истражителна група, во која влегуваат претставници на Австралија, Белгија, Малезија, Холандија и Украина, ги претставија прелиминарните резултати од истрагата на несреќата од јули 2014 година. Според резултатите авионот е соборен од ракета “Буг”, истрелана од територијата контролирана од сепаратисите. / ТАСС