Холандскиот премиер: Отворен Балкан ја забрзува европската интеграција на Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska

Холандскиот премиер Марк Руте денеска во Амстердам на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативите како „Отворен Балкан“ го забрзуваат процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ.

Руте рече дека ваквите иницијативи овозможуваат „тензиите да не станат неподносливи“ и посочи дека ќе ја препорача секоја платформа што го обединува Западен Балкан околу прашања од заеднички интерес, пренесуваат приштински медиуми.

„Мислам дека идејата за воведување зона за слободна трговија меѓу земјите го забрзува процесот на членство и помага да се намалат тензиите“, наведе Руте.

Слични содржини