Холанѓанец се повредил во водите на Охридско езеро, пренесен е во болница

од Nikola Popovski
2,9K прегледи

ЦУК информира дека холандски државјанин среде Охридското езеро удрил во камен и ја загубил свеста. Според информациите, тој со кајче се пренесува кон екипите на итната медицинска помош.

„Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12.00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро и истото со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид. Повреденото лице од Холандија кое удрило во камен во Охридско езеро е превземено од Итна медицинска помош и е надвор од животна опасност. Истото е пренесено во Општата болница во Охрид на одделот за хирургија“, известува ЦУК.

Нема информации како туристот удрил во каменот.

Слични содржини