Ивандер Холифилд, големиот боксерски шампион, се врати во рингот на 59 -годишна возраст и претрпе тежок пораз на мечот против ММА борецот Витор Белфорт.
Веќе во првата минута од борбата во Лас Вегас, Холифилд заврши на подот. Американецот успеа да стане, но не и да се опорави, што Белфорт го казни.
Тој продолжи да му дава жестоки удари, па судијата беше принуден да ја прекине борбата.
Evander Holyfield Loses After 1st Round TKO Against Vitor Belfort https://t.co/vB1rBNFAxe pic.twitter.com/YANBs68HkI
— RatchetFridayMedia.com® (@RatchetFriday) September 12, 2021
Инаку, ваквиот епилог не е изненадувачки, со оглед на видеата што кружеа претходните денови на социјалните мрежи, каде што можеше да се види дека Холифилд е исклучително бавен, и дека неговит вежби и работа се очајни.
Многумина предупредија дека не треба да влезе во рингот, прашувајќи го зошто тоа го прави…
Холифилд на тој начин го претрпе 11-от пораз во кариерата, а ова беше негова прва борба по цели 10 години пауза.
„Тој човек е силен, но јас не бев повреден. Ниту еден негов удар не ме повреди, туку ме погоди додека бев надвор од рамнотежа. Ова е тажно на некој начин “, рече Холифилд по поразот од поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија.