По децении фарбање, ботокс, филери и други начини за навидум одржување на младешки изглед, Холивуд конечно ја прифати природноста.
Рака на срце, некои ѕвезди отсекогаш биле поддржувачи на реалистичен изглед на телото, но се чини дека сега повеќе од кога било го покажуваат тоа.
Овој тренд е најзабележителен кога се фризурите во прашање, па многу жени дозволуваат да им расте природната, седа коса, а неодамна тоа го направи и една од омилените светски актерки Џенифер Анистон.
Имено, претставувајќи го најновиот производ за коса на својот бренд, педесет и четиригодишната Џен откри дека повеќе не сака да ги крие своите седи влакна, а корисниците на социјалните мрежи и обожавателите на Џенифер Анистон на Инстаграм со воодушевување ја дочекаа нејзината најнова објава.