
Џон Авилдсон – режисерот на сега веќе огромните успешни филмови “Роки” и “Карате Кид” – почина на 81-годишна возраст, пренесоа светските агенции. Режисерот умрел во болница во Лос Анџелес од рак на панкреасот, изјави неговиот син Ентони. Авилдоън освои “Оскар” со филмот “Роки” од 1976 година, во кој учествува младиот и непознат тогаш Силвестер Сталоне. Режисерот постигна неочекуван успех и со филмот “Карате Кид” од 1984 година, кој исто така стана хит.