Холивудска актерка ги шокираше фановите со фотографии од модринки во Хрватска (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската ѕвезда Кејт Бекинсејл неодамна ги загрижи фановите откако сподели слики од повреди на Инстаграм. Актерката моментално го снима филмот „Canary Back“ во Хрватска.

На сликите се гледаше дека има рана на образот, модринка на раката, оток на малиот прст, а околу половината носи каскадерски елек.

„Фала му на Бога што е петок“, гласи описот на сликите.

Таа во својот нов филм глуми агент на CIA, чиј сопруг бил киднапиран од терористи и сега ја уценуваат да ги предаде државата и службата. Со оглед на природата на нејзината улога, се подразбира дека таа ќе снима голем број опасни сцени, па некои од нејзините следбеници мислеа дека таа се повредила за време на снимањето.

Слични содржини