Холивудска ѕвезда станува еден од сопствениците на Лидс

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Холивудската ѕвезда Вил Ферел сега е еден од сопствениците на Лидс Јунајтед. 56-годишниот актер купил голем процент од акциите во американската компанија 49ers Enterprises, која е сопственик на тимот, тврди „Сан“. Ферел повеќе од еднаш присуствуваше на фудбалски натпревари на Островот, а во 2016 година стана косопственик на ФК Лос Анџелес.

„Вил поседува дел од Лидс. Компанијата ќе го објави неговото учество во наредните денови. Се очекува да посипе ѕвезден прав врз клубот. Тој го сака фудбалот и е импресиониран од страста на играта во Англија“, изјави извор за весникот.

Ферел го гледа Лидс како сериозна можност за инвестирање. Тој станува уште еден актер кој се поврзува со англискиот фудбал. Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхони го купија Рексам во 2020 година и по две последователни промоции тимот ќе игра во Лига 1 следната сезона.

Сепак, обожавателите не беа воодушевени од веста. Еден од нив го опиша Ферел како „кловн со премногу пари“ и потсети дека актерот присуствувал на натпреварите на Челси, демонстрирајќи ја својата љубов кон лондонскиот клуб.

Приврзаниците на Лидс останаа разочарани до крајот на регуларниот дел од сезоната во Чемпионшип. Вчера тимот загуби од Саутемптон и заврши на третото место откако долго време беше на позицијата директна промоција. Сега тие ќе се соочат со Норич во полуфиналниот плеј-оф.

Доколку одговорат на предизвикот, ги чека победникот од пресметката Вест Бромвич Албион против Саутемптон.

Слични содржини