Холивудски актер цел на критики: Поранешна девојка тврди дека ја уценувал

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Пред неколку дена актерот Џона Хил се соочи со сериозни обвинувања од неговата поранешна девојка.

Имено, девојката по име Сара Брејди на својот Инстаграм профил ги споделила пораките кои актерот наводно ѝ ги пратил во 2021 година.

Тоа е список на работи кои не смее да ги прави и услови кои мора да ги исполни доколку сака да биде со него.

„Просто и едноставно, ако сакаш да сурфаш со мажи, да имаш несоодветни пријателства со нив, да бидеш модел, да се фотографираш во костими за капење, да објавуваш сексуализирани фотографии и да се дружиш со жени кои не се на вистинскиот пат, тогаш јас не сум партнерот за тебе“, наводно ѝ напишал Џона, а потоа додал:

 

„Ако овие работи те прават среќна, те поддржувам и нема лоши чувства. Ова се моите граници за романтична врска. Моите граници со тебе се засноваат на она што ја наруши нашата доверба“.

По неа се огласи и Бетини Френкел, ријалити ѕвезда, која откри дека Џона бил многу груб со неа кога гостувале во една емисија.

„Се однесуваше како да е подобар од мене и ме омаловажуваше. Се чувствував како губитник“, изјавила Бетини.

По ова, многумина го осудија однесувањето на актерот.

Слични содржини