Холштајн: Една земја прави штета на цела ЕУ и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан

од Берта Китинска
362 прегледи

Португалското претседателство во моментов работи напорно да се најде консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија до Советот на ЕУ што е закажан во јуни, изјави денеска Германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн која изрази жалење што Германија не успеала да го постигне овој консензус за време на нивното претседателство со ЕУ.

Холштајн вели дека едногласноста е неопходна во европските институции, а обидите да се отстрани ваквиот пристап не биле досега успешни, особено во процесот на проширување.

-За таа тема едногласно треба да се одлучи. Значи 26 земји членки се држат како заложници од некои мали национални интереси на една земја која прави штета на целата Европска Унија и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан. Не сакам да зборувам за Западен Балкан како наше соседство затоа што Западен Балкан е всушност дел од Европа и тие се поврзани, и ние сме сите поврзани со споделена и заедничка историја, и луѓето и економиите се многу повеќе испреплетени меѓусебе, рече Холштајн, додавајќи дека една силна ЕУ има потреба од силен и стабилен Западен Балкан и тоа отсекогаш било една од клучните цели на ЕУ и на самата политика на проширување.

Слични содржини